Корисничко име Лозинка Пријави се
18.3.2014

Вилаш-Боаш нов тренер на Зенит

Португалскиот стручњак Андре Вилаш-Боаш е нов тренер на Зенит од Санкт Петербург, објави клубот со кого потпиша двегодишен договор.

Поранешниот менаџер на Тотенхем и на Челзи работата со новите избраници ќе ја почне во четврток, по реванш-средбата меѓу Зенит и Борусија од Дортмунд во осминафиналето на Лигата на шампионите.
На тој натпревар тимот од Санкт Петербург ќе го води поранешниот капитен на Русија Сергеј Семак, а фудбалерите на Зенит ќе имаат тешка работа во Дортмунд да го надополнат заостанувањето од 4-2.
Вилаш-Боаш на клупата ќе го замени Италијанецот Лучијано Спалети, кој доби отказ минатата седмица.
Спалети го презеде Зенит во декември 2009 година и тимот го предводеше до две титули во руската Премиер лига и една на Националниот куп. За тоа време два пати беше прогласен за најдобар тренер во Русија, во 2010 и во 2012 година.
Но, и покрај тоа што клубот е во конкуренција за титулата, има само три бодови помалку од водечкиот Локомотив од Москва, управата на клубот одлучи да го промени тренерот. Договорот на Спалети со Зенит требаше да му заврши следната година.
Вилаш-Боаш беше без ангажман од декември, кога доби отказ на местото менаџер на Тотенхем, по дебаклот во дуелот со Ливерпул, кој славеше со 5-0.

Најнови вести