Корисничко име Лозинка Пријави се
20.3.2014

Вилаш-Боаш: Зенит беше лесна одлука

Андре Вилаш-Боаш, новиот тренер на рускиот шампион Зенит, изјави дека не се двоумел околу одлуката да го преземе тој тим бидејќи верува дека во целост ќе успее да ги имплементира своите идеи.

„Убаво ме дочекаа во Санкт Петербург. Да бидам искрен, не беше тешко да се донесе одлуката, Зенит е познат клуб во Европа. Ова за мене е важен чекор во кариерата, ќе можам да ги спроведам своите идеи. Уште пред да дојдам овде познавав некои играчи на Зенит. Сега ќе се запознаеме уште подобро“, изјави Португалецот за интернет-страницата на клубот.
Зенит вчера беше поразен од Борусија Дортмунд во осминафиналето на Лигата на шампионите, а главна задача за Вилаш-Боаш ќе биде одбрана на шампионската титула на Русија.
Екипата од Санкт Петербург моментно се наоѓа на второто место на табелата со 41 бод, три помалку од водечкиот Локомотив од Москва.
„Ако победиме во сите девет натпревари до крајот, Зенит ќе биде шампион. Моја цел е да го вратам Зенит на врвот“, додаде Вилаш-Боаш.

Најнови вести