Корисничко име Лозинка Пријави се
21.3.2014

Сите едногласни: Пирло е најдобар!

Андреа Пирло, ветеранот на Јувентус, уште еднаш ја воодушеви фудбалската јавност со одличниот погодок од слободен удар, со кого повторно ѝ донесе победа на „старата дама“.

Пирло со спектакуларниот удар од 20 метри во 71-вата минута од натпреварот во Фиренца го одведе Јувентус во четврт-финалето на Лигата на Европа.
„Како одлучив каде ќе шутирам? Тоа го направив во последен момент. Гледав во живиот ѕид и одлучив посилно да ја шутнам топката“, изјави Пирло по натпреварот.
Одличниот плејмејкер постигна два гола од пенал во помалку од седум денови, и двата пати на Јувентус му донесе минимална победа.
„Среќен сум за овие два гола. Тоа значи дека сме поблиску до нашите цели. Знаевме дека нè очекува долга и тешка борба. Се мачевме на почетокот, но подоцна создававме шанси и бевме самоуверени. Фиорентина беше голема пречка, но по испаѓањето од Лигата на шампионите, беше важно добро да играме во ова натпреварување“, изјави херојот на Торино.
По натпреварот, сите го фалеа одличниот Пирло
„Морам многу да работам за да научам од Пирло. Тој има златна нога. За да ја копирам неговата техника, морам да тренирам многу години“, изјави младиот играч на Јувентус Пол Погба.
„Мислам дека Пирло е најдобриот изведувач на слободни удари на светот. Мислам дека може да го собори рекордот на Синиша Михајловиќ по бројот на голови во Серија А“, изјави Анџело Алесио, помошниот тренер на Јувентус.


Најнови вести