Корисничко име Лозинка Пријави се
08.5.2014

Кристијано Роналдо излезе, Реал Мадрид остана без шампионска титула

Најдобриот фудбалер на светот Кристијано Роналдо ја напушти играта уште во деветтата минута на средбата меѓу Реал Мадрид и Валјадолид во заостанатиот натпревар од 34-тото коло на Примера лигата.

Првите информации укажуваат дека Португалецот ги одиграл само тие неколку минути поради проблеми со мускулот и дека сам одлучил да побара замена, за да не ризикува.
Во моментот кога го напушташе теренот, немаше никаков јасен знак на повреда, бидејќи само пред неколку моменти ја претрча речиси целата противничка половина, а потоа се судри со еден од дефанзивните играчи на Валјадолид.
Португалскиот интернационалец пред неколку седмици имаше проблеми со повредата на левото колено, но се врати на теренот токму навреме за реванш-натпреварот од полуфиналето на Лигата на шампионите со Баерн во Минхен. Кралскиот клуб во дуелот славеше со 4-0 и со вкупен триумф од 5-0 се пласира во финалето, во кое ќе игра со градскиот ривал Атлетико, на 24-ти мај во Лисабон.
Роналдо оваа сезона во сите натпреварувања постигна 50 голови, од кои 31 во Примера лигата. Поради тоа, доколку се потврдат информациите дека е повреден, тоа би било голем удар за Реал, кој сè уште има шанси за титулата во Примера лигата.
По ремито со Валјадолид, „кралевите“ речиси ги загубија шансите за шампионската титула во Шпанија. На две кола до прајот заостануваат пет бодови зад моментниот лидер, Атлетико Мадрид.

Најнови вести