Корисничко име Лозинка Пријави се
08.5.2014

УЕФА: Алонсо нема да игра во финалето на Лигата на шампионите

Чаби Алонсо, фудбалерот на Реал од Мадрид, дефинитивно нема да игра во финалето на Лигата на шампионите со градскиот ривал Атлетико, одлучи Европската фудбалска унија.

Раководното тело на европскиот фудбал ја одби жалбата на кралскиот клуб поради јавната опомена која ја доби Алонсо во реваншот од полуфиналето со Баерн во Минхен.
Алонсо невнимателно заработи жолт картон поради прекршок над Бастијан Швајнштајгер при водство на Реал со 3-0, во натпреварот кој кралскиот клуб го доби со 4-0.
На Алонсо тоа му беше трет жолт картон, што, според правилата, автоматски значи забрана за играње на еден натпревар.
Финалето на Лигата на шампионите меѓу Реал Мадрид и Атлетико  се игра на 24-ти мај во Лисабон.

Најнови вести