Корисничко име Лозинка Пријави се
15.5.2014

Зенит казнет со пораз

Дисциплинската комисија на Руската фудбалска унија го казни Зенит со пораз од 3-0 поради насилство на навивачите на натпреварот со Динамо од Москва во неделата.

Натпреварот беше прекинат во 87-мата минута, при водство на гостинот од 4-2, кога навивачите на домаќинот влегоа на теренот незадоволни од резултатот на својот тим и ги нападнаа играчите на ривалот.
„Зенит е казнет со технички резултат од 3-0 поради неспособноста да осигури безбедност на стадионот, како и поради нападот на неговите навивачи, поради што натпреварот беше прекинат“, соопшти Артур Григоријантс, шефот на Дисциплинската комисија на Рускиот фудбалски сојуз.
Зенит е казнет и парично со 28.800 долари, а следните два лигашки натпревари ќе мора да ги игра без присуство на публика.
Овој пораз е прв кој Зенит го претрпе од доаѓањето на новиот тренер Андре Вилаш-Боаш, во март.
Зенит остана на второто место со 60 бодови од 29 натпревари, со еден бод помалку од водечката ЦСКА, додека Динамо е четврт со 52 бодови.
 ЦСКА во последното коло го дочекува градскиот ривал Локомотив, кој е трет со заостанување од два бода, додека Зенит ќе гостува во Краснодар кај Кубањ.
Локомотив може да дојде до титулата бидејќи има два бода помалку од ривалот, додека Зенит гостува кај Кубањ.
Зенит и минатата година изгуби со технички резултат од Динамо поради петарда која беше фрлена од страна на еден негов навивач и го повреди Антон Шунин, голманот на клубот од Москва.

Најнови вести