Корисничко име Лозинка Пријави се
11.6.2014

Пирло во Јувентус до 2016 година

Италијанскиот фудбалски репрезентативец Андреа Пирло го продолжи договорот со торинскиот Јувентус до летото 2016 година.

„Фантастичната приказна на Пирло и Јувентус продолжува. Професорот потпиша нов договор на чија основа црно-белиот дрес ќе го носи до 30-ти јуни 2016 година“, пишува на интернет-страницата на клубот.
Пирло во Јувентус дојде во 2011 година како слободен играч, а претходно беше член на Милан, со кого два пати ја освои Лигата на шампионите.
Во дресот на „старата дама“ од Торино освои три шампионски титули на Италија. Оваа сезона одигра 42 натпревари и постигна шест голови за Јувентус.
Пирло за селекцијата на Италија досега одигра 108 натпревари и даде 13 голови, а со „аѕурите“ во 2006 година стана светски шампион.

Најнови вести