Корисничко име Лозинка Пријави се
29.8.2014

Јувентус има проблеми, Пирло се повреди

Андреа Пирло, фудбалерот на Јувентус, ќе отсуствува од теренот еден месец поради проблеми со десниот колк, соопшти италијанскиот клуб.

Пирло се повредил во текот на подготвителен натпревар, а во соопштението на „црно-белите“ се наведува дека со лекарските прегледи е утврдено дека ја истегнал тетивата на колкот и дека ќе треба да паузира 30-ина денови.
Пирло поради повредата ќе го пропушти и првиот натпревар на Јувентус во Лигата на шампионите, како и пријателскиот дуел меѓу Италија и Холандија на четврти септември.
Исто така, нема да биде во составот на националниот тим ниту за првиот натпревар во квалификациите за Европското првенство 2016 година против Норвешка, кој се игра на деветти септември.
Јувентус, трократниот последователен шампион на Серија А, одбраната на титулата ќе ја почне утре од 18 часот, во Верона против Киево.

Најнови вести