Корисничко име Лозинка Пријави се
24.9.2014

Пирло зимава во Лос Анџелес галакси?

Андреа Пирло, фудбалерот на Јувентус, во текот на јануарскиот преоден рок би можело да го засили американскиот Лос Анџелес галакси, пренесе денес ЕСПН.

Како што се наведува, Лос Анџелес е подготвен поради одличниот Италијанец да го запостави ограничениот износ наменет за плата на играчите, „селери кеп“, и да му понуди плата од 3,5 милиони евра годишно, колку што заработува моментно во Јувентус.
Искусниот 35-годишен италијански репрезентативец во тимот од Лос Анџелес би ја презел улогата на лидер, со оглед на тоа дека Лендон Донован најави дека ќе ја заврши кариерата.
Пирло, кој е најзаслужен за трите последователни титули на Јувентус во Серија А, минатата сезона одигра 42 натпревари и постигна шест голови, додека почетокот на оваа го пропушти поради повреда на колкот.
Можноста за негово заминување од Торино е најавувана уште летово, кога „старата дама“ ја презеде Масимилијано Алегри, тренерот кој Пирло го избрка од Милан, но новиот шеф на стручниот штаб на шампионот на Италија многу брзо го демантираше тоа.

Најнови вести