Корисничко име Лозинка Пријави се
01.10.2014

Ромуло се повреди за седум минути

Бразилецот Ромуло, фудбалерот од средината на теренот на Јувентус, ќе биде отсутен еден месец по успешната операција на хернија.

Италијанскиот прволигаш соопшти дека на Ромуло му е извршена успешна операција на хернија и дека се очекува да се врати за еден месец.
Ромуло одигра само седум минути за Јувентус откако дојде на заем од Верона пред почетокот на сезоната.
Јувентус има опција да го ангажира Ромуло за постојано, а тоа ќе може да се реализира доколку тој одигра барем 60 отсто од натпреварите оваа сезона.
Ромуло, кој е роден во Бразил, но има италијански пасош, беше избран во селекцијата на „аѕурите“ на овогодишниот Мундијал, но самиот се откажа од учеството бидејќи не се чувствувал доволно подготвен.

Најнови вести