Корисничко име Лозинка Пријави се
31.8.2011

Кјер дојде во Рома

Данскиот 22-годишен фудбалер Симон Кјер се враќа во Серија А само по една сезона помината во Бундеслигата. Негов нов клуб ќе биде Рома.

„Скај спорт 24“ известува дека Кјер потпиша едногодишен заем до крајот на сезоната, кој Рома официјално ќе го потврди денес. За едногодишниот заем клубот од Рим на Волфсбург ќе му плати три милиони евра, а ако се одлучи на крајот на сезоната и трајно да го откупи договорот на овој одбранбен играч, тогаш ќе мора да додаде уште седум милиони евра.
Кјер потекнува од Митјиланд, а за Палермо играше меѓу 2008 и 2010 година, пред трансферот во Волфсбург. Сепак, тренерот на „волците“, Феликс Магат, изјави дека не смета на него, по што данскиот репрезентативец побара нов клуб.

Најнови вести