Корисничко име Лозинка Пријави се
19.1.2015

Бензема: Најдобри сме во Шпанија

Откако неговиот тим ја освои „есенската титула“ во Примера лигата, Карим Бензема изјави дека Реал Мадрид е најдобриот тим во Шпанија.

Кралскиот клуб по неколкуте слаби натпревари, одигра одлично во второто полувреме и славеше со 3-0 на гостувањето кај локалниот ривал Хетафе.
„Реал Мадрид е најдобриот тим во Примера лигата, иако нам секогаш ни е тешко бидејќи сите тимови сакаат да играат ’длабоко’ против нас. Со тренерот Карло Анчелоти секогаш сме на вистинскиот пат“, изјави Бензема.
Реал на почетокот на новата година доживеа неочекуван пораз во Валенсија, а потоа беше елиминиран и од Кралскиот клуб, што малку го разниша шампионот на Европа.
„Моравме да победиме по елиминацијата од Купот од Атлетико. Единствената добра работа од таа елиминација е што ќе се одмориме. Заморот е нормална работа, бидејќи играме многу натпревари“додаде францускиот напаѓач.
Реал речиси еден час се мачеше да ја пробие одбраната на Хетафе, но акцијата на Бензема со Кристијано Роналдо во 63-тата минута направи пресврт во ситуацијата во нивна корист.
„Напорно се трудевме во првото полувреме, но Хетафе добро се бранеше. Погледнав во Кристијано и отидов десно покрај линијата за да му помогнам на тимот да го постигне првиот гол. Среќен сум што играм со него, тој е најдобар играч на светот“, изјави Бензема.
Реал во следното коло гостува кај Кордоба, која не е поразена во последните три кола.

Најнови вести