Корисничко име Лозинка Пријави се
29.1.2015

Мората: Сакаме да освоиме сè

Алваро Мората, јунакот на победата на Јувентус над Парма со 1-0 во четврт-финалето на Купот на Италија, изјави дека неговиот тим сака да ги освои сите трофеи во оваа сезона.

Шпанскиот напаѓач ја одведе „старата дама“ во полуфиналето на Купот, а по натпреварот изјави дека играчите даваат сè од себе и дека сакаат да победуваат.
„Сакаме да освоиме сè и Јуве не смее да изгуби ниту еден трофеј. Ќе дадеме сè од себе и ќе работиме секој ден за да може да дадеме сто отсто од можностите. Не е важно со кого играме сè додека победуваме“, изјави Мората.
Голот што го постигна беше дискутабилен, бидејќи асистентот кај голот Фернандо Љоренте при приемот на топката, беше на работ на офсајд, а стрелецот на единствениот гол ја пофали Парма и изјави дека тој тим може да се избори за опстанок во Серија А.
„Парма е незгоден тим, посебно на домашен терен, но ја заслуживме победата. Максимално ни ги отежнаа работите и ако продолжат со вакви партии, сигурен сум дека можат да ја поправат позицијата во Лигата“, изјави Мората.

Најнови вести