Корисничко име Лозинка Пријави се
26.2.2015

Вилаш-Боаш нема да го предводи Зенит вечерва

Европската фудбалска унија (УЕФА) денес го суспендира на еден натпревар Андре Вилаш-Боаш, тренерот на Зенит од Санкт Петербург, поради неспортско однесување.

Како што се наведува во соопштението, тренерот на Зенит е суспендиран поради искажување незадоволство од судењето на Италијанецот Паоло Талјавенто во текот на првиот натпревар од шеснаесетфиналето на Лигата на Европа со ПСВ во минатиот четврток, во кој рускиот тим победи со 1-0.
Вилаш-Боаш поради суспензијата нема да може да ја предводи својата екипа во реванш-натпреварот од шеснаесетфиналето на Лигата на Европа против ПСВ од Ајндховен, кој на програмата е денеска од 18 часот во Санкт Петербург.
Зенит е казнет и со дополнителни 6.000 евра поради тоа што неговите навивачи во текот на натпреварот палеле факли.

Најнови вести