Корисничко име Лозинка Пријави се
28.2.2015

Лукарели: Парма сепак нема да игра во Џенова

Капитенот на Парма, Алесандро Лукарели, изјави дека неговата екипа нема да патува во Џенова за натпреварот од 25 коло во Серија А.

„Одлучивме да не играме во Џенова. Побаравме натпреварот да се одложи. Не сме во состојба да излеземе на терен и да играме“, изјави Лукарели.
Парма веќе го одложи натпреварот од претходното коло против Удинезе на свој терен затоа што не можеше да ги плати трошоците за организација, но фудбалерите по тоа изјавија дека на свој трошок ќе отпатуваат на мечот во Џенова.
Лукарели соопшти дека неговите соиграчи и тој ја донеле одлуката по состанокот со претседателот на Синдикатот на фудбалерите во Калчото, Дамијано Томази.
Во меѓувреме клупите од стадионот „Енио Тардини“ се ставени на аукција затоа што клубот е должен преку 100 милиони евра.

Најнови вести