Корисничко име Лозинка Пријави се
02.3.2015

ФИФА ѝ одзеде на Алмерија три бодови поради долгови

На шпанскиот прволигаш Алмерија, која се бори за опстанок, ѝ се одземени три бодови поради долгот кон данскиот Алборг за трансферот на Микаел Јакобсон во 2010 година, пренесе агенцијата „Ројтерс“.

Алмерија поднела жалба на казната на Меѓународната фудбалска федерација кај Судот за арбитража во спортот, иако не ги навела причините за одземањето на бодовите.
Како што пренесуваат шпанските медиуми, ФИФА ја казнила Алмерија поради жалбата на данскиот Алборг, кому за трансферот на Микаел Јакобсон во јули 2010 година шпанскиот клуб му должи 60.000 евра.
Алмерија моментно се наоѓа на 16-тото место во Примера лигата со 23 бодови, со 14 преостанати натпревари се наоѓа со еден бод над зоната за испаѓање, во која ќе се најде доколку жалбата биде одбиена.

Најнови вести