Корисничко име Лозинка Пријави се
01.4.2015

Данило официјално во Реал за 31,5 милиони евра

Данило Луиз да Силва од наредната сезона ќе го носи дресот на Реал Мадрид, објавено е на интернет-страницата на кралскиот клуб.

Вредноста на трансферот изнесува 31,5 милиони евра.
Данило има 23 години, игра на позицијата десен бек, а со Реал потпиша договор до 2021 година. Пред Порто, тој играше за Сантос и Америка од Минеиро, а за репрезентацијата на Бразил досега има одиграно 11 натпревари.
Хулен Лопетеги, тренерот на Порто, изјави дека Данило напредувал во последните две години во сите аспекти на играта и дека го заслужил трансферот во Реал Мадрид.
„Напредуваше во сите аспекти, тактички, физички, а и подобро се концентрира. Данило ѝ помогна на целата екипа. Напредуваше брзо бидејќи разбра што се очекува од него“, изјави Лопетеги.
Порто оваа сезона игра одлично, а Данило постигна четири погодоци и имаше четири асистенции во сите натпреварувања.

Најнови вести