Корисничко име Лозинка Пријави се
06.4.2015

Алмерија го отпушти Мартинез, Бархуан нов тренер

Шпанскиот фудбалски клуб Алмерија денес соопшти дека ја прекинал соработката со тренерот Хуан Мартинез, а на негово место го назначи Серхи Бархуан.

Раскинувањето на соработката само по четири месеци и низата од седум натпревари без триумф следуваше по поразот од Леванте со 4-1.
На неговото место е назначен Серхи Бархуан и тој ќе ја води екипата во среда, против Барселона на „Камп ноу“.
Бархуан е поранешен фудбалер на Барселона и на Атлетико Мадрид и репрезентативец на Шпанија.
Во тренерската кариера работел со младинските категории на Барселона, а две години бил тренер на Рекреативо.
Алмерија се наоѓа на 18-тото место на табелата на Примера лигата со 25 бодови, еден помалку од Ла Коруња и позицијата која гарантира опстанок.



Најнови вести