Корисничко име Лозинка Пријави се
28.4.2015

Борнмут во Премиер лигата по 125 години

Фудбалерите на Борнмут го победија Болтон со 3-1 во претпоследното коло на Шампионат лигата и со тоа практично обезбедија пласман во Премиер лигата.

Борнмут сега има 87 бодови, три повеќе од Мидлсборо, но дури и за 19 голови подобра гол-разлика.
Тоа значи дека само чудо би можело да донесе пресврт во последното коло, па екипата на Борнмут за прв пат во својата 125-годишна историја ќе игра во највисокиот ранг на англиското натпреварување.
Марк Пјуг го постигна првиот гол во 39-тата минута, Мет Ричи погоди за 2-0 во 44-тата, а победата ја завери Калум Вилсон во 78-мата минута од натпреварот.
Борнмут ќе оди директно во Премиер лигата заедно со Ватфорд, но сè уште не е познато кој ќе биде шампион на Шампионат лигата, бидејќи на едно коло пред крајот, Борнмут има еден бод помалку од Ватфорд.
Борнмут во последното коло гостува кај Чарлтон, додека Ватфорд го дочекува Шефилд вензди.
Сè уште не се знае и кои четири екипи ќе играат во плејофот. Мидлсборо (84) е сигурен, како и Норвич (83), додека за преостанатите две места ќе се борат: Ипсвич (78), Дерби каунти (77), Брентфорд (75) и Вулверхемптон (75).

Најнови вести