Корисничко име Лозинка Пријави се
29.5.2015

Паднал договор: Мартинез доаѓа во Арсенал

Екипата на Арсенал е многу блиску до доведување на колумбискиот напаѓач Џексон Мартинез.

Претходните денови раководството на клубот од Лондон престојувало во Порто, каде што успеало да го договори трансферот на 28-годишниот Колумбиец.
Мартинез „топчиите“ ќе ги чини околу 35 милиони евра, а оваа сезона во дресот на Порто постигна 21 гол на 30 натпревари.
Наскоро трансферот би требало и официјално да биде потврден, а потпишувањето на договорот би требало да се случи на почетокот на официјалниот трансфер-период на први јули.

Најнови вести