Корисничко име Лозинка Пријави се
24.6.2015

Јувентус го откупи Переира од Удинезе

Јувентус, шампионот на Италија, соопшти дека целосно го откупил договорот на фудбалерот Роберто Переира од Удинезе.

Аргентинскиот играч за врска потпиша четиригодишен договор со Јувентус, во кого беше на едногодишен заем.
Тимот од Торино на официјалната интернет-страница наведе дека трансферот чинел 14 милиони евра, со можност цифрата да се зголеми за 1,5 милион ако се освојат одредени трофеи.
Поранешниот фудбалер на Ривер плате минатата сезона во сите натпреварувања одигра 51 натпревар и постигна седум голови.
За репрезентацијата на Аргентина досега настапи шест пати.

Најнови вести