Корисничко име Лозинка Пријави се
06.7.2015

Американките на врвот на светот!

Женската фудбалска репрезентација на Соединетите Американски Држави триумфираше на Светското првенство во Канада со победата над Јапонија со 5-2.

Јунакиња на триумфот беше Карли Лојд, која постигна хет-трик во Ванкувер.
Со тоа Американките по 16 години се вратија на светскиот трон, ја освоија својата трета светска круна, а воедно на Јапонките им се одмаздија за поразот од пред четири години.
Финалниот натпревар на планетарниот шампионат донесе многу возбудувања, но Американките доминираа од стартот.
Јапонките потклекнаа два пати во првите пет минути, а Лојд на Соединетите Држави им донесе предност од 2-0. Лорен Холидеј погоди за 3-0 по лошата реакција на одбраната на Јапонија, што ѝ даде шанса за спектакуларен гол.
Но, третиот погодок на Лојд успеа да го засени, а тој дојде само по една минута од средината на теренот, кога јунакињата на победата виде дека Ајуми Кајхори, голманката на Јапонија, го напушти голот.
Јуки Огими го постигна првиот гол за Јапонија, успевајќи да ја совлада Хоуп Соло при истекувањето на првиот половина час од играта, па автоголот на Џули Џонсон ѝ даде надеж на Јапонија во 52-рата минута дека би можело да дојде до пресврт. Но, само две минути подоцна, Тоби Хит на Американките им донесе предност од 5-1, а подоцна излезе дека со тој погодок го поставила конечниот резултат.

Најнови вести