Корисничко име Лозинка Пријави се
02.6.2014

Хонда: Јапонија ќе го шокира светот

Кеисуке Хонда, плејмејкерот на Јапонија, смета дека неговата репрезентација е подготвена да го шокира светот на претстојниот Мундијал во Бразил.

Јапонците моментално се наоѓаат во Флорида, на последната фаза од подготовките пред шампионатот во Бразил. Во САД ги очекуваат пријателските средби против Костарика и Замбија.
„Мислам дека сме подготвени да го шокираме светот. Мораме само да веруваме во својот стил на игра и да играме како и секогаш што го правиме тоа. Концентрирани сме само на успех, на тоа да стигнеме што подалеку“, изјави играчот за врска на Милан.
„Самураите“ се наоѓаат во групата Ц заедно со селекциите на Колумбија, Грција и Брегот на Слоновата Коска.
„Мундијалот се игра на секои четири години, а никој не ми гарантира дека ќе бидам во тимот и за наредниот. Поради тоа сакам да го одиграм ова Светско првенство како да ми е последно“, додаде Хонда.

Најнови вести