Корисничко име Лозинка Пријави се
21.7.2015

Пато понуден на Вест хем

Вест хем е во потрага по напаѓач, обидувајќи се да го доведе Кевин Миралас од Евертон, но првата понуда е одбиена. Но Славен Билиќ веројатно нема лесно да се откаже од репрезентативецот на Белгија, а во меѓувреме на „чеканите“ им е понуден и Алешандре Пато.

Некогашниот фудбалер на Милан минатата сезона од Коринтијанс ја помина на заем во Сао Пауло, а сега сака да се врати во Европа. Се поврзува со неколку италијански клубови, но сега е понуден на Вест хем.
Неговиот агент е исклучително активен, па Пато е понуден и на екипата на Кристал Палас и сега се чека што ќе одговорат Билиќ и Алан Пердју.
Пато своевремено во Милан беше еден од најдобрите играчи - на 117 натпревари во Серија А постигна 51 гол.

Најнови вести