Корисничко име Лозинка Пријави се
24.8.2015

Бенитес: Само што почнавме, оптимист сум

Рафаел Бенитес, тренерот на Реал од Мадрид, изјави дека неговиот тим бил поснаодлив во завршницата на ремито со Спортинг во Хихон (0-0) на стартот на Примера лигата.

„Првото полувреме беше тешко, неколку пати го изгубивме поседот на топката каде што не треба и им дадовме шанси да создадат опасни ситуации. Во продолжението игравме поинтензивно, повеќе ја контролиравме играта и напаѓавме. Покажавме карактер, можевме да победиме, но не бевме доволно добри пред голот“, изјави Бенитес.
„Натпреварот го завршивме играјќи во формацијата 4-3-3 за да играме пошироко, со играчи во напад коишто можат да постигна гол. Сè направивме како што треба, но ни недостасуваше прецизност во завршницата“, додаде шпанскиот стручњак.
Бенитес изјави дека сезоната само што почнала и додаде:
„Второто полувреме ќе ми биде водач, тука го направивме она што е потребно за триумф. Сега треба константно да ја подобруваме прецизноста, физичката подготвеност и начинот на којшто функционираме како тим. Јас сум оптимист“.
Во следното коло Реал го дочекува Бетис.

Најнови вести