Корисничко име Лозинка Пријави се
24.8.2015

Куадрадо на заем во Јувентус

Џузепе Марота, извршниот директор на Јувентус, изјави дека клубот е на чекор да го доведе на заем Хуан Куадрадо, фудбалерот на Челзи.

„Куадрадо ќе дојде на заем. Тоа би можело да го официјализираме уште денес“, изјави Марота за италијанските медиуми.
Куадрадо во февруари, во последниот ден од преодниот рок, за околу 34 милиони фунти од Фиорентина направи трансфер во Челзи и потпиша договор на четири и пол години.
Тој не се снајде добро на „Стемфорд бриџ“, првотимец беше само во четири првенствени натпревари, а одигра само 15 мечеви.

Најнови вести