Корисничко име Лозинка Пријави се
24.8.2015

Алвес можеби ќе паузира еден месец, Бускетс полесно повреден

Дани Алвес, дефанзивниот играч на Барселона, можеби ќе мора да паузира еден месец поради повреда на ногата, со која се здоби во првото коло од Примера лигата против Ателтик Билбао, пренесуваат шпанските медиуми.

Барселона во официјалното соопштение не ја прецизираше тежината на повредата на Алвес, ниту должината на неговото отсуство, но „Ас“ објави дека се шпекулира дека Бразилецот ќе паузира повеќе од еден месец.
Што се однесува до повредата на Серхио Бускетс, таа е од полесна природа и тој ќе може да игра.
„Во случајот со Алвес, при прегледот е утврдено дека му е повреден абдукторот на десната нога“, соопшти Барселона.
Алвес мораше да биде заменет уште во 15-тата минута од натпреварот, кој заврши со минимална победа на Барселона од 1-0.
„Што се однесува до Бускетс, тој не се здоби со никаква посериозна повреда на глуждот“, стои во соопштението на каталонскиот клуб.
Бускетс беше заменет во второто полувреме, откако се повреди при судирот со Адурис.

Најнови вести