Корисничко име Лозинка Пријави се
31.8.2015

Симеоне го пушти Раул Гарсија во Атлетик Билбао

Атлетик Билбао и Атлетико Мадрид постигнаа договор во врска со трансферот на искусниот играч за врска Раул Гарсија.

Гарсија на „Висенте Калдерон“ стигна пред осум години од Осасуна, главно имаше епизодна улога кај Диего Симеоне, но речиси редовно добиваше шанса барем како резерва.
На 325 настапи за Атлетико постигна 45 голови, а уште 21 даде за Осасуна. Се очекува 29-годишниот играч за врска да потпише четиригодишен договор.
Билбао лошо ја почна новата сезона во Примера лигата, доживеа два порази без постигнат гол, па се наоѓа на дното на табелата.

Најнови вести