Корисничко име Лозинка Пријави се
04.9.2015

Вилаш- Боаш суспендиран на шест натпревари

Андре Вилаш-Боаш, тренерот на Зенит, е суспендиран на шест натпревари поради расправија со судијата во руската Премиер лига.

Португалецот во неочекуваниот пораз на Зенит минатиот викенд од Крилја Совјетов (3-1) на свој терен влезе во жолчна расправа со четвртиот судија.
Поради тоа, Вилаш-Боаш беше исклучен уште во 34-тата минута од натпреварот во Санкт Петербург, а поради вербалниот напад над арбитерот, Фудбалскиот сојуз на Русија го казни уште подрастично.
Зенит во моментот на тој инцидент губеше со 1-0, изедначи на почетокот на второто полувреме, но во продолжението наместо пресврт, следуваше потоп.
Тимот на Вилаш- Боаш по седум кола има шест бодови помалку од лидерот ЦСКА Москва, на која ѝ гостува во следното коло по репрезентативната пауза.

Најнови вести