01.10.2011 Иниеста почна да тренира
Фудбалерот од средниот ред на Барселона, Андрес Иниеста, се врати на тренинзите со екипата по повредата на задната ложа на левата нога.
Дваесет и седумгодишниот креативец се потврди на 13 септември во двобојот од првото коло од Лигата на шампионите против Милан и првите процени беа дека ќе паузира еден месец. Сепак, шпанскиот репрезентативец се опорави побрзо од предвидувањата и по нешто повеќе од две седмици е подготвен да конкурира во првиот тим на Барселона.
На списокот на повредени во каталонскиот гигант остануваат Алексис Санчес и Ибрахим Афелај кој има закажано операција во понеделник.
Следен натпревар за шпанскиот и европскиот шампион е неделното гостување кај Спортинг Хихон во рамките на 7 коло на Примера дивизион.