Корисничко име Лозинка Пријави се
11.9.2015

Вилаш-Боаш најави дека ќе си оди од Зенит

Португалецот Андре Вилаш-Боаш, тренерот на рускиот Зенит од Санкт Петербург, изјави дека на крајот на сезоната ќе ја напушти клупата на тој клуб.

Португалецот минатата сезона, негова прва на кормилото на Зенит, ја освои шампионската титула на Русија.
Тој моментно ја одработува суспензијата од шест натпревари поради расправија со помошниот судија.
Европските медиуми пренесоа дека Вилаш-Боаш би можело да преземе некој голем европски клуб, како што е Реал Мадрид, но тој изјави дека раководството на Зенит одбило да му дозволи да поднесе оставка.
Вилаш-Боаш за официјалната страницата на Зенит изјави дека одбил да го продолжи договорот со тој клуб и дека ќе си замине на крајот на сезоната.

Најнови вести