Корисничко име Лозинка Пријави се
28.10.2015

Леванте доведе нов тренер

Шпанскиот фудбалски прволигаш Леванте за нов тренер го именуваше малку познатиот стручњак Руби, објавено е на интернет-страницата на клубот.

Руби на клупата на тимот од предградието на Валенсија доаѓа по отпуштањето на Лукас Алкараз по поразот на свој терен од Реал Сосиедад (4-0).
Тој потпиша договор до крајот на сезоната, со опција да остане уште две години доколку го задржи опстанокот во Примера лигата.
Руби беше дел од стручниот штаб на Барселона во времето кога беше тренер Тито Виланова, а самостојно ги водеше Хирона, Валјадолид и неколку нисколигашки шпански клубови.
Фудбалерите на Леванте се наоѓаат на последното 20-то место на табелата на Примера лигата со шест бодови, а Руби во сабота ќе дебитира во градското дерби против Валенсија.

Најнови вести