Корисничко име Лозинка Пријави се
23.10.2015

Клоп: Ни добро ни лошо

Јирген Клоп изјави дека не е целосно задоволен од резултатот во Лигата на Европа, но дека гледа позитивни точки во ремито со Рубин Казањ.

„Црвените“ одиграа 1-1 со рускиот клуб, иако речиси еден час имаа еден играч повеќе на „Енфилд роуд“.
„Многу интересен натпревар, беше голем предизвик поради квалитетот на Рубин. Некогаш играч повеќе претставува голема предност, но главно го запира фудбалот и носи бункер ривали. Не покажавме класа, но не е ниту најлошиот ден во мојата кариера“, изјави Клоп.
Иако домаќините имаа дури 35 шутеви кај голот на ривалот, по три кола и понатаму се без победа во групата Б.
„Тимот нема самодоверба, изгубија чувство за игра. Тие играа повлечено, баравме решение, понекогаш го имавме, но многу одлуки не беа на место. Моравме и да се браниме подобро“, изјави Германецот.
Германецот ремизираше и во својот втор натпревар на клупата на Ливерпул, прво пред легендарниот „Коп“.
„Кога прв пат ќе дојдеш во нечија куќа, ќе донесеш подарок. Не сум задоволен со својот подарок. Почувствував голем поддршка од трибините, едно од најубавите чувства во кариерата, а потоа се концентрирав на натпреварот“, изјави Клоп.
Нова шанса да ги израдува навивачите на „Енфилд роуд“ Клоп ќе има во недела, кога Ливерпул го дочекува Саутхемптон во десеттото коло на Премер лигата.

Најнови вести