Корисничко име Лозинка Пријави се
12.11.2015

Дунга: Нејмар во моментов е подобар од Меси и Роналдо

Селекторот на репрезентацијата на Бразил, Карлос Дунга, смета дека напаѓачот на Барселона Нејмар да Силва во моментов не најдобриот фудбалер во светот.

Според неговото мислење кај Нејмар во последните неколку години е забележан импресивен напредок во играта.
Тој во Барселона дојде во 2013 година од Сантош, а за репрезентацијата на Бразил до сега одигра 67 натпревари и постигна 46 гола.
„Нејмар во моментов е супериорен во однос на Кристијано Роналдо и Лионел Меси, тоа може да се заклучи на основа на статистичките податоци. Тој е поефикасен. Меси има здравствени проблеми, Роналдо сè уште го нема достигнато минатогодишното ниво, а Нејмар постојано напредува во тимот на Барселона. Кога го видов неговиот гол во победата против Вилареал 3-0 помислив дека би било одлично такво нешто да се повтори во дресот на репрезентацијата. Овие работи го разубавуваат фудбалот“, изјави Дунга за спортскиот дневник „АС“.

Најнови вести