Корисничко име Лозинка Пријави се
18.1.2016

Давид Бабунски официјално на „Маракана“

Давид Бабунски е првото зимско засилување на Црвена звезда откако беа договорени сите детали околу соработката, а денеска беше потпишан договорот на две и пол години.

За младиот Македонец кој е роден 1994 година  голем предизвик е да заигра на „Маракана“  и му даде предност на најтрофејниот српски клуб во однос на понудите од Шпанија (Еибар, Сарагоса), Холандија, Швајцарија и Белгија.
Доведувањето на Бабунски не претставува голем трошок за Црвена звезда, бидејќи се вклопува во клупската политика за ангажирање на фудбалер без обесштетување. Давид беше во „Б“ тимот на Барселона, а со Каталонците имаше договор за да може без обврски да замине во нова средина.
Македонецот не успеа да се избори за место во првиот тим на Барселона, но фактот дека до 21-та година беше задржан во системот на гигантот од Каталонија доволно зборува за неговите квалитети.
Најдоцна до среда македонскиот репрезентативец ќе им се приклучи на новите соиграчите на припремите во Копер.
По Давид и брат му Доријан Бабунски исто така ова лето ќе пристигне во Црвена звезда. Доријан би требало од јуни да игра во дресот на „црвено-белите“, а доаѓа како ученик на Реал Мадрид.
„Работата е во принцип договорена. Ќе почекаме до летото, бидејќи Звезда тогаш не ќе мора да плати обесштетување, туку само задолжителниот надомест“, изјави Миломир Чуриќ.

Најнови вести