Корисничко име Лозинка Пријави се
17.8.2018

Тетово стана втор дом на Вардар, Ренова е нов предизвик за најтрофејниот клуб

Вардар ќе игра втор пат по ред во Тетово, во недела против Ренова, откако на стартот од новиот македонски шампионат ремизираше 2-2 со првакот Шкендија

Вардар се враќа во Тетово и пак ќе игра на стадионот под Шара, во недела од 17 часот, со Ренова во дербито од второто коло во домашниот шампионат. „Црвено-црните“ и премиерата ја имаа во Тетово и беше успешна, со реми 2-2 против актуелниот првак Шкендија. Сега амбициите се победнички, но Ренова на стартот покажа дека е тврд орев.
Популарните „гипсари“ го изненадија Работнички во Скопје и со триумф од 4-3 ги освоија бодовите за успешен старт во новата сезона.
Но, Ренова има проблем кога игра против Вардар во Тетово и нема победа од декември 2014 година. Или помалку од 4 години нема рецепт за триумф против најтрофејниот клуб во Македонија. Во тој период Вардар ја забележа и најубедливата победа како гостин во меѓусебните дуели со Ренова. На 16-ти ноември во првенствен дуел од ланската сезона десеткратниот македонски првак ја декласира Ренова во Тетово со 5-2, а и вкупно сметајќи ги сите натпревари со „гипсарите“, има многу подобар биланс.

 

Најнови вести