Корисничко име Лозинка Пријави се
07.3.2016

Клоп: Никогаш не сум имал посилна клупа

Менаџерот на Ливерпул Јирген Клоп истакна дека никогаш во тренерската кариера немал посилна клупа со резервни играчи.

„Црвените“ минатата недела го победија Манчестер сити со 3-0, а потоа го совладаа Кристал палас со голот од пенал во 95-тата минута.
На клупата во Лондон беа Даниел Стариџ, Филипе Кутињо и Кристијан Бентеке.    
„Никогаш не сум имал олку квалитетна клупа во текот на својата 15 годишна тренерска кариера. Кога имаш вакви резерви знаеш дека и на теренот имаш добар тим. Амбициозната екипа мора да има силна клупа, а тоа се играчи кои се секогаш 100% во форма“, изјави Клоп.
Клоп ги предизвика своите играчи да го заслужат своето место во стартните 11 доколку се незадоволни од местото на клупата.
„Имавме многу проблеми со повредите оваа сезона, ова е прв натпревар во кој имавме олку силна клупа, а се надевам дека ќе остане вака до крајот на сезоната. Ако некој е лут поради тоа што е на клупата, нема проблем, нека се докаже на теренот“, додаде германскиот стручњак.
Ливерпул ја зазема седмата позиција во Премиер лигата, а заостанува со шест бодови за позицијата која води во Лигата на шампионите, додека пак серијата од три последователни победи ќе се обиде да ја продолжи во Саутхемптон за две седмици по репрезентативната пауза.

Најнови вести