Корисничко име Лозинка Пријави се
09.4.2016

Хендерсон ја заврши сезоната

Капитенот на Ливерпул Џордан Хендерсон ја заврши кариерата откако ги повреди лигаментите на коленото на натпреварот со Борусија Дортмунд од Лигата на Европа.

Хендерсон се повреди во првото полувреме од натпреварот во четврт-финалето во Дортмунд и беше заменет на почетокот на второто полувреме.
Ливерпул во своето соопштение истакна дека прегледите кои се извршени по враќањето на тимот во Англија е воспоставено дека постои оштетување на страничниот колатерален лигамент на коленото.
За таков тип на повреда периодот на мирување може да трае до три месеци, но за среќа Хендерсон нема да мора да замине на операција.
Поради тоа учеството на Хендерсон на Европското првенство во Франција е под знак прашање, иако првите натпревари ја чекаат Англија на 11 јуни, селекторот на Англија, Рој Хоџсон, мора во мај да го објави широкиот список за кандидатите за ЕВРО. 

Најнови вести