Корисничко име Лозинка Пријави се
02.5.2016

Раниери: Тешко ни е без Варди

Менаџерот на Лестер Клаудио Раниери изјави дека Луис ван Хал му посакал среќа во освојувањето на титулата во Премиер лигата.

Лестер и Манчестер јунајтед одиграа нерешено 1-1, па славјето на „лисиците“ се одложува.
„Настапот беше добар по првите 15 минути кога бевме малку уплашени. Јунајтед почна многу добро и нам ни беше тешко да се рестартираме. По голот заигравме многу подобро и мислам дека реми е праведен резултат. Не бев загрижен бидејќи знам дека имаме срце и знаев дек ќе реагираме. Голот ни даде повеќе самодоверба. Тешко ни е без Варди, нам ни беше битно да покажеме карактер“, изјави Раниери.
Лестер на само две кола пред крајот има седум бодови повеќе од Тотенхем, кој денес му гостува на градскиот ривал Челзи.
„Би сакал да го гледам натпреварот на Тотенхем, но летам за Италија, така што веројатно нема да го знам резултатот додека не стигнам. За нас е важно да продолжиме да работиме. Ван Хал го запознав во 1994 година, а сега ми посака среќа“, додаде Раниери.
„Лисиците“ во следното коло ќе го пречекаат Евертон на кого пак бодовите не му се неопходни. 

Најнови вести