Корисничко име Лозинка Пријави се
05.7.2016

Дел Боске не е повеќе селектор на Шпанија

Селекторот на Шпанија Висенте дел Боске соопшти дека ја напушта репрезентацијата, која на турнирот во Франција не успеа да ја одбрани титулата на европски шампион.

Во соопштението на Фудбалскиот сојуз на Шпанија се наведува дека Дел Боске му соопштил на претседателот Анхел Марија Вилјар дека нема да продолжи со работата во државниот тим.
Дел Боске (65) минатата седмица изјави дека нема намера да остане во репрезентацијата, а договорот со Сојузот му истекува на крајот од месецот.
Тој ја предводеше „црвената фурија“ до титулата на светски првак во 2010 година и европски две години подоцна.
На Европското првенство во Франција Шпанија во осминафиналето загуби од Италија со 2-0.
Титулата на светски првак Шпанија ја загуби 2014 година на Мундијалот во Бразил, кога беше елиминирана во групната фаза.

Најнови вести