Корисничко име Лозинка Пријави се
26.7.2016

Ален потпиша петгодишен договор во Стоук

Досегашниот фудбалер на Ливерпул Џо Ален потпиша петгодишен договор со Стоук.

Репрезентативец на Велс, кој беше во најдобриот тим на неодамна завршеното Европско првенство, ги помина медицинските прегледи и потпиша договор со Стоук, објавено е на интернет страницата на клубот. 
Ален од Ливерпул во Стоук помина за 13 милиони фунти.
„Ова беа возбудливи 48 часа за мене, но мило ми е што на крајот го потпишав договорот. Бев возбуден веднаш штом слушнав дека Стоук се интересира за мене и воопшто не беше тешко да ја донесам одлуката“ изјави Ален за интернет страницата на неговиот нов клуб.
Ален во новиот клуб ќе го носи дресот со број четири.
Тој за Ливерпул играше од 2012 година, а пред тоа го носеше дресот на Свонси.

Најнови вести