Корисничко име Лозинка Пријави се
18.8.2016

Марез го продолжи договорот со Лестер до 2020 година

Најдобриот играч на Премиер лигата нема да го менува клубот ова лето. Ријад Марез го продолжи договорот со Лестер до 2020 година.

Со тоа Лестер успеа да ја задржи целата екипа со која ја освои шампионската титула минатата година.
Од важните играчи клубот го напушти единствено Нголо Канте. Пред алжирскиот репрезентативец, договорите ги продолжија и: Вес Морган, Џејми Варди, Каспер Шмајхел и Енди Кинг.
Марез во Лестер стигна во јануари 2014 година од францускиот второлигаш Авр.
Со 17 голови и 11 асистенции беше еден од најзаслужните за историскиот успех на клубот, а стана и стандарден во репрезентацијата на Алжир.

Најнови вести