Корисничко име Лозинка Пријави се
22.10.2016

Караско го продолжи договорот со Атлетико

Јаник Фереира Караско, фудбалерот на Атлетико Мадрид, го продолжи договорот со „јорганџиите“ до 2022 година, соопшти мадридскиот клуб.

Претходниот договор на белгискиот фудбалер беше со важност до 2020 година со откупна клаузула од 40 милиони евра, додека во новиот договор клаузулата ќе биде зголемена.
Иако Атлетико не ги објави сите детали од новиот договор, шпанските медиуми шпекулираат дека сега откупната клаузула изнесува сто милиони евра.
Поради добрите партии на 23-годишниот фудбалер, многу гиганти посакаат да го доведат во своите редови, меѓу кои е и Челзи.
„Среќен сум што ќе останам член на Атлетико уште многу години“, изјави Караско, кој во екипата на Диего Симеоне стигна од Монако во 2015 година.
Тој оваа сезона во Примера лигата постигна три погодоци на осум натпревари, додека во трите кола на Лигата на шампионите два пати се запиша во стрелците и е еден од најзаслужните играчи за одличните партии на Атлетико оваа сезона.

Најнови вести