Корисничко име Лозинка Пријави се
01.12.2016

Лалана закрепна, за Борнмут подготвени Фирмино и Ориги

Адам Лалана, фудбалерот на Ливерпул, закрепна од повредата и ќе биде подготвен за гостувањето на Борнмут во Премиер лигата, токму во моментот кога долго време ќе отсуствува Филипе Кутињо.

Лалана денес тренираше со полн интензитет со остатокот на тимот, прв пат по повредата на препоните во пријателскиот натпревар меѓу репрезентациите на Англија и Шпанија (2-2) на средината на минатиот месец.
Ливерпул наредните пет седмици ќе биде без Кутињо, а покрај враќањето на Лалана, добра вест за менаџерот Јирген Клоп е и тоа што Роберто Фирмино и Дивок Ориги се во конкуренција за настап.
Фудбалерите на Ливерпул ја делат втората позиција на табелата на англиското првенство со Манчестер сити и имаат бод помалку од лидерот Челзи.

Најнови вести