Корисничко име Лозинка Пријави се
02.12.2016

Панатинаикос го смени Страмачони

Грчкиот фудбалски клуб Панатинаикос го отпушти тренерот Андреа Страмачони поради серијата лоши резултати.

Италијанскиот стручњак, кој Панатинаикос го презеде кон крајот на минатата година, е отпуштен еден ден по поразот од второлигашот ОФИ во Купот на Грција.
Панатинаикос има само 15 бодови од девет одиграни кола во грчкото првенство и на третото место на табелата е изедначен со АЕК. Водечкиот Олимпијакос има предност од седум бода.
Сè уште не се знае кој ќе го замени Страмачони на клупата на Панатинаикос.

Најнови вести