Корисничко име Лозинка Пријави се
14.5.2013

Анастасиу нов тренер на Панатинаикос

Грчкиот фудбалски прволигаш Панатинаикос соопшти дека за нов тренер го именуваше Јанис Анастасиу.

Анастасиу на клупата на атинскиот клуб ќе го замени Јанис Вонортас, кој на 31-ви март привремено ја презеде екипата откако беше отпуштен тренерот Фабри.
Четириесетгодишниот Анастасиу кратко, на почетокот на годината, работеше во англискиот Ридинг, а од 2008 до 2010 година беше помошен тренер на Панатинаикос. Минатата сезона беше член на стручниот штаб на холандскиот Ајакс.
„Панатинаикос е голем европски клуб и многу е почитуван во странство. Имам намера во тимот да воведам играчи од младинскиот погон“, изјави Анастасиу.
На екипата од Атина ова ѝ беше една од најлошите сезони во историјата на клубот, бидејќи го зазеде дури шестото место во првенството и остана без пласман во Европа следната сезона.
Анастасиу во 2008 ја заврши кариерата, во текот на кој, меѓу останатите, играше за Етникос, Андерлехт, Рода и Ајакс. За репрезентацијата на Грција одигра пет натпревари.
Панатинаикос досега 20 пати беше шампион на Грција, а 17 пати го освои трофејот во националниот куп.

Најнови вести