Корисничко име Лозинка Пријави се
05.6.2014

Страмачони нов тренер на Удинезе

Андреа Страмачони, поранешниот тренер на Интер, е именуван за тренер на Удинезе, додека помошник ќе му биде поранешниот српски репрезентативец Дејан Станковиќ.

Страмачони беше на клупата на Интер од март 2012 до мај 2013 година и добро се знае со Станковиќ додека со голем успех играше за популарните „нераѕури“.
Станковиќ во трофејниот клуб од Милано ја заврши одличната играчка кариера во август минатата година, откако претходно ги бранеше боите на Црвена ѕвезда и Лацио од Рим.
Триесет и осумгодишниот Страмачони должноста во Удинезе ја презема од Франческо Гвидолин, кој по четири години се повлече и ќе ја преземе функцијата технички советник на семејството Поцо, кое е сопственик на клубот.
Талентираниот стручњак потпиша договор на две години, а со работа ќе почне во јули.

Најнови вести