Корисничко име Лозинка Пријави се
06.11.2013

Ди Натале ќе паузира од две до четири седмици

Италијанскиот фудбалски прволигаш Удинезе остана без својот капитен Антонио ди Натале, кој поради повреда на задниот дел на бутниот мускул на левата нога веројатно ќе паузира од две до четири седмици.

Ди Натале се повреди минатата недела во средбата на Серија А против Интер.
Лекарската служба на клубот потврди прв степен на истегнување на бицепсот, но не потврди колку долго играчот ќе отсуствува од теренот, иако за таков тип повреди се предвидува пауза од две до четири седмици.
Ди Натале оваа сезона постигна четири гола во Серија А.

Најнови вести