Корисничко име Лозинка Пријави се
13.8.2013

Видра од Удинезе во Вест Бромич албион

Чешкиот 21-годишен напаѓач Матеј Видра го комплетира својот едногодишен заем од Удинезе во Вест Бромич албион.

Минатата сезона Видра блескаше на заем во англискиот фудбалски второлигаш Ватфорд, во кого постигна 22 гола и беше прогласен за играч на годината во Шампионат лигата.
„Имаше навистина добра сезона и веруваме дека има квалитет да постигнува голови на високо ниво. Се надеваме дека тоа ќе го покаже оваа година со нас“, изјави Стив Кларк, менаџерот на Вест Бромич, за официјалната интернет-страница на клубот.
Видра ова лето е трето засилување на „Хоторнс“, по францускиот напаѓач Никола Анелка и уругвајскиот одбранбен играч Диего Лугано.
Вест Бромич албион на овој чешки репрезентативец (седум настапи) ќе му биде шести клуб во кариерата, по Височина, Бањик Острава, Удинезе, Клуб Бриж и Ватфорд.

Најнови вести