Корисничко име Лозинка Пријави се
04.10.2016

Делнери на клупата на Удинезе

Италијанскиот клуб на својата официјална интернет-страница потврди дека Делнери потпишал договор на една година, со можност за продолжување на соработката на уште една сезона.

Делнери на клупата на Удинезе ќе го замени Џузепе Јакини, кој доби отказ по очајниот старт и само две победи и седум бодови во првите седум кола.
Делнери својата тренерска слава ја стекна во Киево, каде што направи еден вид чудо со таа екипа кога успеа да стигне до европското натпреварување, како и цели шест седмици да ги помине на чело на табелата во првиот дел на сезоната.
Делнери во својата кариера ги предводеше и: Јувентус, Сампдорија, Џенова, Палермо, Рома, Порто, а последната работа ја имаше во Верона, со која минатата сезона испадна во Серија Б.

Најнови вести